Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Со промена на темпото до подобри резултати!

И додека повеќето се запознаени со основните варијабили на тренингот, една многу битна честопати е занемарена, темпото на вежбите.

Темпото на изведување на вежбата или TUT (time under tension)се однесува на времето кога изведуваме одредена фаза од некоја вежба. На пример темпото 3-0-1-0 на bench press вежбата би значело следново:

3- претставува 3 секунди ексцентрична фаза од движењето, фазата кога шипката се спушта на градите

0- значи дека нема пауза кога шипката ќе ги допре градите, одма се преминува на фазата подигнување

1- притисокот на шипката од градите се прави за 1 секунда

0- нема пауза откако ќе се подигне тежината, одма се преминува на фазата спуштање

Потребно е темпото да се адаптира на одредените цели- динамични и експлозивни повторувања се добри за подобрување на спортските перформанси, вежбите за јачина и квалитет исто така се изведува со максимална брзина и концентрична фаза на движењето, додека оптеретувањето се намалува од 1-3 секунди. Ако целта е градење на мускули некои вежби треба да се изведуваат и со поспоро темпо како 2-0-2-0, 3-1-3-2 или 5-0-2-0

Да се внимава на времето додека се изведуваат некои вежби не значи дека треба да земете штоперица во рака и да ја мерите секоја фаза од повторувањето, туку да се обрне внимание на тоа да не се изведува секоја вежба од вашиот тренинг со исто темпо. Доколку сте рекреативец потребно е да го менувате темпото со цел да се предизвика повеќе стрес на мускулите, да се подобри стабилноста и контролата на движењето и да се зајакнат ткивата на поврзување.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement