Излезете малку од вашата комфорна спална соба и ќе видите како во вашата крв ќе почне да се „пумпа“ адреналинот.
Колку пати сте сонувале да водите љубов со вашиот партнер на плажа, осветлени од месечината и ѕвездите? Па мислиме дека е крајно време тој сон да го спроведете во реалноста. Секс на било кое место кое не е вашиот кревет, може и тоа како да го поправи односот, да ве научи на некој нови пози кој ве палат и да ви помогне да стекнете самодоверба кога е во прашање сексот.
Така, ве оддалечува од работи во вашиот дом кои ви се стресни, пумпајќи нова енергија во вашето тело. Бидете свесни дека секс на отворено не е вашата сламка за спас ако работите меѓу вас и вашиот партнер не се во ред. Тоа е само една прилика да имате возбудливо искуство кое ќе ги промени вашите сексуални навики и ќе создаде нови.
Секс во двор
Доколку ви е страв дека некој ќе ве види, нема подобро место кое е надвор од куќата, а на отворено.
Секс на кауч
Ова најверојатно веќе го имате пробано и не сте можеле да верувате колку дневната соба може да биде причина за постигнување оргазам. Некој истражувања покажале дека доколку ставите перница под долниот дел од грбот, полесно ќе дојдете до оргазам.
Секс во хотел
Секс во хотел е ектра примамлив и неморате да чистите откако ќе завршите. Само пријавете се, водете љубов и отидете си. Така, можете да си играте и некој улоги, како би му дале на сексот една нова димензија. Притоа, никој не ве знае, во собата е темно, но блиску сте до домот.
Секс на скали
Доколку живеете во куќа, тогаш мора да пробате секс на отворено место. И тоа стоејќи во доги стил. Наведнете се и дозволете полека да влезе во вас. Користете ги скалите на дното, за да бидете сигурни ако при страста ја изгубите рамнотежата.
Секс во куќата на вашите пријетели
Една девојка ни призна дека најдобар секс со партнерот имала во апартманот на нејзиниот пријател. Зошто: Затоа што станот бил само негов, со фантастична акустика па можела и да вриска колку што посакува.
Секс во туш кабина
Секс во базен и езеро можда ви звучи жешко, но тоа е крајно ризично и лесно можете да заработите некоја уринарна инфекција или сексуално пренослива болест. Затоа, правец во туш кабината. На журка можете да понесете и некој вибратор и креативно да се разиграте.
Секс на некоја журка
Венчање, спортски меч или скара со друштво, сексот на јавно место има некоја чудна привлечност. Искористете ја приликата кога никој не гледа во вашиот правец, пронајдете некое скришно место и одвојте 15 минути да уживате со партнерот. Потоа, вратете се на журката со таинствени насмевки.
Секс пред огледало
Ова е нешто што можете прво да го направите . Една читателка ни се довери дека толку се запалила по водењето љубов со нејзиниот дечко пред огледало, што потоа тоа станало нивна секојдневна рутина.
Секс во кола
Колата може да биде сјаен „вибратор“. На задното седиште, како што пејат Бјело Дугме, опуштете се и препуштете се.
Секс на плажа
Романтика на квадрат!
Секс во авион
Не грижете се. Немаме намера да завршите во затвор поради непримерно однесување во авион. Затоа потрудете се да не ве фатат, а по сексот да ги шармирате стјуардесите.

You must be logged in to post a comment Login