Познато е дека едно јаболко дневно го чува здравјето, но една нова студија сугерира дека позитивно влијае и на сексуалниот живот
Новата студија објавена во списанието „Archives of Gynecology and Obstetrics“ покажува дека јаболката влијаат врз подобрување на сексуалниот живот кај жените. Во истражувањето учествувале повеќе од 700 жени на возраст од 18 до 43 години. Ниту една испитаничка немала никакви сексуални проблеми, ниту пак користела лекарства во текот на истажувањето.
Испитаничките биле поделени во две групи, оние кои задолжително јаделе по една до две јаболка дневно и оние кои јаделе понекогаш. Исто така, трбеало и да одговорат на 19 прашања од формуларот наречен Индекс на женската сексуалност. Прашањата се однесувале на сите аспекти од нивниот сексуален живот, од доживување оргазам до колку често имаат секс, па се покажало дека јаболката имаат позитивно влијание врз сите точки.
А зошто токму јаболка?
Научниците заклучиле дека токму како чоколодото или црното вино, јаболката се богати со многу антиоксиданти и полифенол кои стимулираат подобра циркулација во интимните делови на телото, а тоа е голем сексуален бенефит за жените, земјаќи во предвид дека ним им е потребно подолго време за да се возбудат, но и за да доживеат оргазам.
Иако се работи за мал број испитаници и студијата претставува само почеток на ваквите претпоставки, научниците заклучуваат дека е доста интересна и дека сеуште треба да се истражува.

You must be logged in to post a comment Login