Северина feat. Министарке – Uno momento! Се работи за најновиот спот и песна премиерно објавени денес. Од моментот кога беше најавено дека ќе се снима ваков дует, публиката со нетрпение го чекаше видео записот. Уживајте во него на нашиот портал.
Спотот на Министерките и Северина дефинитивно е еден од најпровокативните спотови објавени во последно време. Полн е со атрактивни, згодни и убави жени како ја пејат песната Unomomento, од која се очекува да ја обедини регионалната публика и да го одбележи ова лето.
Песната ја напишаа Филип Милетиќ и Милош Рогановиќ кои засилено работат на 13-от албум на Северина. Пејачката ја препушти продукцијата на спотот на екипата на продуцентската куќа IDJ videos, на режисерот Андреј Илиќ и снимателот Ѓорѓе Трбовиќ.
Пејачките не се воздржуваа и неколку пати до сега ја заскокоткаа фантазијата на публиката која ги одбројуваше секундите до објавата на спотот и новата песна. Последните неколки денови на друштвените мрежи популарен е хаштагот #unomomento под кој фановите на Северина одушевено ги коментираат објавените промо фотографии од снимањето.
httpv://www.youtube.com/watch?v=Gvchbkh4jQY

You must be logged in to post a comment Login