Овој секојдневен појадок ќе ви помогне да ги елиминирате нечистотиите од организмот и да ги прочистите цревата. Со тоа ќе го решите проблемот со слаби црева и опстипација, а исто така ги согорува масните наслаги и ја нормализира тежината.
Овој појадок е еден од најздравите и највкусните, бидејки во себе содржи витамини и минерали кои го подобруваат изгледот на кожата, косата. Го нормализираат метаболизмот и го зајакнува организмот.
По месец дена конзумирање на овој коктел, лесно ќе изгубите 3-4 килограми од тежината. Тенот на кожата, косата и ноктите ќе станат поздрави и убави, а стомакот полека ќе се “стопи”.
Состојки: 300 мл немасен јогурт, 2 супени лажици овесни снегулки, 1 лажица измелено ленено семе, 1 лажица какао во прав, 5-7 суви сливи.
Појадокот се припремува навечер за утрешниот ден. Прелијте ги сувите сливи со 100 мл врела вода. Поклопете ги и оставете ги 5-10 минути. За тоа време во чинија ставете ги овесните снегулки, сомеленото ленено семе и какаото.
Прелијте со јогурт и добро измешајте. Набабрените суви сливи исецкајте ги ( можете и во блендер) и додајте ги во претходната смеса. Измешајте добро и оставете ја целата смеса во фрижидер. Наутро извадете ја смесата од фрижидер и уживајте во својот здрав и вкусен појадок. Резултатите ќе бидат набрзо видени.
Првите денови ќе се чувствувате малку чудно во стомакот, но тоа ќе пројде. Вашиот дигестивен систем ќе работи како саат.

You must be logged in to post a comment Login