Нешто тука лошо “мириса”. Одеднаш останува предолго на работа, изјавува дека му/и треба повеќе простор, одбива секс? Во некој момент сте се посомневале на неверство. За среќа, тука има и начин тоа да го проверите – се појавила апликација која го прати секое “воздивнување” на телефонот на вашиот партнер. Секоја слика, секој повик – ама баш се!
Апликацијата mCouple со помош на ГПС ја прати секоја променана локацијата на вашиот партнер, но и Скајп и Фејсбук активностите на прељубникот, па може да се каже дека оваа апликација е најлошата ноќна мора на сите прељубници.
Лондонската фирма mSpy е творец на оваа ноќна мора, но од компанијата нагласиле дека морате да имате дозвола од партнерот за користење на оваа апликација (како па да не!).
Апликацијата ја користат и родителите за да внимаваат на однесувањето на своите деца, како и шефовите кои сакаат да го гледаат однесувањето на своите вработени. Што се однесува до легалноста на оваа апликација, не се сложуваат баш сите: адвокатие ќе кажат дека секое шпионирање е нелегално.
Останува на вас доколку сакате да проверите.


You must be logged in to post a comment Login