Бидете еколошки свесни и наместо разни хемиски средства, за борба против комарците – користете стар талог од кафе!
Комарците, како и другите инсекти, тотално ги одбива мирисот направен од талог од кафе кој гори! Еве како да го направите тоа.
1. Соберете го талогот од кафе и ставете го на алуминиумска фолија или на порција. Оставете го на ладно и суво место додека не стане потполно сув.
2. Ставете ја таа фолија со новиот талог од кафе на рамна површина, како на пример на маса, на отворено. Уверете се децата и животните да немаат пристап до тоа место.
3. Палете го талогот со хартија или подолга запалка (за да не се изгорите), се додека не почне да гори и да дими.
4. Талогот ќе гори бавно. а димот кои ќе се направи ќе ги избрка комарците.
Овој едноставен трик функционира одлично.


You must be logged in to post a comment Login