Вечерта пред да тргнете на пат направете си билен чај кој ќе го стимулира варењето, спречувајќи мачнина и главоболка.
Доколку секое подолго патување со автомобил, автобус или авион кај вас предизвикува мачнина и напад на анксиозност, пробајте да ги ублажите симптомите по природен пат.
Вечерта пред да тргнете на пат направете си билен чај кој ќе го стимулира варењето, спречувајќи мачнина и главоболка. Во 2dl. вода, ставете гранчиња од мајчина душица, ѓумбир во прав и една лажица сушени цветови од глог. Поклопете и почекајте напитокот да се излади, а потоа испијте го.
Кога ќе трегнете на пат, ставете мешавина од есенцијално масло од нане, лимун и бадем. Помешајте со десет капки бадемово масло пет капки масло од нане и уште пет капки лимун и ова ароматична мешавина истријте ја на вратот и градите пред да тргнете на пат. Напомена: ова мешавина не се препорачува за бремени жени и дека помали од 8 години.

You must be logged in to post a comment Login