Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

новости и трендови

Негувајте ја кожата како Мерлин Монро: Коцка мраз – за убаво, здраво и свежо лице

За да се ослободите од подочниците, перничињата или темните кругови под очите, користете мраз од црн и зелен чај, камилица или кантарион

Најсексапилната дива на сите времиња, Мерлин Монро, секое утро ја користела оваа метода. Пред да започнете, запомнете неколку едноставни совети:

  1. Никогаш не користете вода од чешма. Користете провриена, филтрирана или негазирана минерална вода.
  2. Чувајте го козметичкиот мраз во ладилник не повеќе од 10 дена.
  3. Земете го во предвид вашиот тип на кожа. Сувата кожа реагира повеќе при нанесување.
  4. Не треба да трае повеќе од 3 минути.
  5. Со лесни движења поминете го целото лицe: од центарот на челото кон слепоочниците, од подбрадокот кон ушите и од усните кон јаболчиците.

Козметичкиот мраз можете да го подготвите со: нане, камилица, жалфија или пак со вашата најомилена билка.

Нането е корисно за средовечна кожа на лицето. Жалфијата ја регенерира кожата. Мајчината душица пак ја прави кожата свиленкаста и мека.

Постапка: во пола литар вода ставете две лажици ситно исецкани билки.  Поклопете го садот и  оставете да отстои 3 до 4 часа. Процедете ја течноста, сипете ја во калапи за мраз и ставете ги истите во ладилник.

Како да се користи: Третирајте ја кожата наутро и навечер. По нанесувањето избришете го нежно лицето со пешкир и нанесете крема. Не заборавајте истото да го направите на вратот и деколте зоната.

За да се ослободите од подочниците, перничињата или темните кругови под очите, користете мраз од црн и зелен чај, камилица или кантарион. За кожата околу очите е корисно да се користи замрзнато млеко.

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement