Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

новости и трендови

Која е идеалната пудра за вашето лице?

За полесен и побрз избор на вистинската пудра следете ги овие совети:

За нормална кожа

Освен ако немате специфична кожа која бргу се исфрла или појава на алергиски реакции, тогаш вам ви прилега секој тип на пудра без разлика дали станува збор за течна, камена или пудра во прав. Постојат повеќе категории на пудри кои можете да ги пробате, а содржат различни масла, минерали или пробајте ги оние кои не содржат никакви додатоци. Како и да одберете, нема да погрешите.

Покривање на недостатоци

Доколку немате премногу што да покриете, тогаш на чиста основа нанесете потемна нијанса на коректор. Во случај да посакувате повеќе да ги прикриете недостатоците на лицето, употребувајте мат  пудра и финиширајте со камена пудра.

Пробајте пред да купите

Пред да ја купите пудрата не е доволно само да одите според нејзиниот број, туку морате да ја нанесете директно на вашата кожа. Повеќето козметички производи кои се наменети за шминка, имаат тестери кои ви овозможуваат да го пробате производот. Не го нанесувајте тестерот само на вашата рака или зглоб и на тој начин да ја споредувате нијанса.

Најдобар начин за да проверите дали бојата на пудрата совршено одговара е ако нанесете веднаш под вилицата, а потоа излезете на дневна светлина и погледнете се во огледало да видите колку и дали се разликува нијансата од тенот на кожата.

Трикови и совети

– Пред да нанесете шминка следен пат пробајте по овој редослед: нанесете си коректор за подочници, а веднаш потоа нанесете ја пудрата во прав или камената пудра, односно онаа која вообичаено ја чувате за самиот крај. Дури потоа нанесете од течната пудра и на тој начин шминката ќе ви трае двојно подолго од вообичаеното.

– Коректорите со кои ги покривате сите недостатоци употребувајте ги откако ќе нанесете течна пудра. На тој начин може да видите кој дел треба повеќе да се прикрие, а во тоа не успеала вашата пудра.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement