Се што ви е потребно е цврста коса и пегла за пеглање на косата. Добро е пеглата да биде тесна и заоблена бидејки така е полесно да ја навиткате. Доколку вашата коса не е погодна за виткање, ставете малку пена за коса. Добро е и да ја заштитите косата со некое средство за заштита на косата од горење при пеглањето.
Косата со помош на штипки потребно е да ја раздвоите во неколку делови. Виткањето ќе почне од долните слоеви на косата. Земете прамен со дебелина која би сакале да биде виткана, на коренот на праменот ставете ја пеглата и завртете за 360 степени и нежно влечете према надолу.. Постапката поновете ја со сите прамени на тој слој и така со секој следен слој на косата.
На крајот, испрскајте ја косата со зацврстувач за коса, за вашите локни да бидат што е можно подолго постојани.

You must be logged in to post a comment Login