Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

ДИ ДЕЈ

5 чекори за избор на совршена долна облека за првата брачна ноќ

Во потрага сте по заводлива долна облека која ќе го одземе здивот на вашиот сопруг? Еве неколку корисни совети кои ќе ви помогнат!

Облик на телото

Првото нешто што треба да го земете во предвид е обликот на телото. Што и да одберете во основа мора да одговара на вашето тело. Доколку го менувате начинот на исхрана и практикувате вежби пред вашата свадба, не купувајте долна облека предвреме, поради промените во килограмите.

Секси детали

Земете во предвид долна облека со интересни дополнителни детали.. Бразилски гаќички со свилена машна во задниот дел се одличен избор – совршен “Wow” фактор кога ќе се свртите!

Женствени и флертувачки

Посакувате поженствен изглед? Пробајте со градник од мека свила, неглиже или свилена наметка и убави гаќички, чорапи и жартиера.

Квалитетот е клучен

Свадбената церемонија е специјален настан и инвестирањето во квалитетна долна облека е од суштинско значење. Одберете долна облека според вашиот буџет, но сепак земете во предвид истата да биде квалитетна и со добар дизајн.

И конечно…

Можеби најважно е да размислите за тоа што вашиот иден сопруг посакува и како би сакал тој да ве види. Пробајте да одберете нешто во кое ќе уживате и двајцата!

1

2

3

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement