Поради големиот број на хранливи состојки, медот треба да се конзумира секој ден. Нутриционистите советуваат дека пред почетокот на диетата треба да набавите и да користите мед од проверен квалитет, а предноста е дадена на темните врсти на мед. Ако ја следите оваа диета, можете да изгубите два до три килограми за само три дена.
Прв ден
Доручек: две ровки жолчки измешани со лажица мед. Со оброкот пијте чај со лимон или кафе (без шеќер).
Ручек: 100 грама сирење + 50 грама варен морков + 50 грама варена брокула + 50 грама варен карфиол. Сето ова измиксајте го во блендер и направете крем. Додаток – чај или кафе со 1 лажица мед.
Вечера: 1 шолја биста сопа од зеленчук, парче интегрален леб и 1 јаболко/круша/портокал.
Втор ден
Доручек: исто како првиот ден.
Ручек: Направете крем од едно меко варено јајце, лажица мед и 100 грама младо сирење. Со оброкот пијте чај со лимон.
Вечера: 150 грама риба или пилешки филет, мала чинија салата од зеленчук и чај со лимон.
Трет ден
Доручек: исто како првиот ден + јаболко.
Ручек: 50 грама сирење, парче ‘ржан леб и чинија свеж зеленчук со лимонов сок.
Вечера: 300 грама варен зеленчук, едно меко варено јајце и шолја чај со една лажица мед.
Се напоменува дека секој ден задолжително е да јадете и половина лимон.

You must be logged in to post a comment Login