Овој шејк се прави од само три вида овошје кое ќе ве озвежи и засити, а на вашето тело ќе му ги обезбеди потребните витамини, минерали и влакна.
Многумина од нас попрво ќе посегнат по овошен сок, отколку по самото овошје. Токму поради тоа ние ви ја носиме најефтината комбинација на вкус која ќе ве воодушеви и засити. Станува збор за пијалок кој е направен од три вида овошје, и кој ги обезбедува соте потребни витамини, минерали и влакна кои му се потребни на вашето тело.
Јагода
Многу моќен антиоксиданс кој ги чува клетките од слободните радикали. Само 8 јагоди на ден се доволни за да ја обезбедат дневната потреба на организмот за витамин Ц. Јагодата содржи голема количина на фолна киселина и витамин Б-9.
Пробајте ги јагодите на 8 наобични начини со помош на рецептот за кој не ви се потребни кулинарски вештини.
Банана
Слатко, убаво и кремасто овошје кое го сакаат сите генерации. Бананата е полна со калиум, ја зголемува енергијата и ја убива гладта. Исто така, многу ретко предизвикува алергии, и е овошје кое меѓу првите се дава на бебињата кога преминуваат на цврста храна. Полна е со минерали како магнезиум, калциум, железо и цинк, како и витамин Б и витамините Ц и Е.
Портокал
Ова сочно и мирисно овошје е полно со витамини, а особено со витамин Ц кој го зајакнува имунитетот и на телото му дава енергија. Портокалот содржи и минерали како калиум, калциум и магнезиум, како и фолна киселина, тиамин, рибофлавин и пантотенска киселина.
Сочен и моќен шејк
Состојки: 1 чаша сок од свеж портокал, 8 до 10 јагоди со средна големина, 1 банана, неколку коцки лед.
Подготовка: Исчистете го овошјето, бананата излупете ја и исецкајте ја на парчиња. Состојките ставете ги во блендер и додадете лед. Се добро измиксајте и послужете веднаш. Пијалокот пијте го за појадок или помеѓу оброци.




You must be logged in to post a comment Login