За помалку три килограми и 10 сантиметри на половината!
Нутриционистот Синтија Сасје ја создала “Саси напивката“ која за четири дена константно конзумирање на истата, намалува три килограми и 10 сантиметри околу половината.
Се состои од свеж ѓумбир, листови од нане, краставица, лимон и 8,5 чаши вода.
Направете го сами:
Измијте го лимонот, исечете го на половина и отстранете ги семките. Секоја од нив малку засечете ја и ставете ја во садот со вода (8, 5 чаши). Не ја отстранувајте кората од лимонот и не го цедете во водата. Исчистете ја краставицата, исецкајте ја на кругови и додадете ги во водата.
Исплакнете ги и додатете ги листовите од свежо нане (8 до 12 листови свежо нане). Исчистете го свежиот ѓумбир (средна величина) и изрендајте го во садот. Сето тоа измешајте го добро, покријте го садот и ставете го во фрижидер да отстои една ноќ. Следниот ден, како и наредните три, пијте само од овој разладен напиток. Користете цедалка при сипување во чаша.
Овој напиток содржи нула калории и помага во отстранувањето на вишокот килограми. Исто така, го забрзува процесот на согорување на масните наслаги и го намалува стомакот.

You must be logged in to post a comment Login