Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети и како да

Почитувајте ги овие пет работи и целулитот ќе исчезне!

Целулитот е сосема нормална појава, па дури го имаат и најслабите манекенки, но тоа не значи дека не треба да се борите против него. Овие пет работи сигурно помагаат во решавање на овој проблем.

Масажа и пилинг

Масажата е важен дел од овој процес, но ако немате доволно пари за да одите на масажата, тогаш сами масирајте го делот каде што имате целулит. Најдобри се кружни движења, а секогаш треба да се масирате од колената па нагоре. Исто така, битно е да се прави пилинг на нозете; и тоа можете да го направите дома и тоа со помош на кафе, малу кафеав шеќер и лажица маслиново масло. Инаку се знае дека кофеинот ја подобрува циркулацијата.

Исхрана

Кога е исхраната во прашање, тука нема некои мудрости. Масна храна, чоколади, торта и слични намирници го зголемуваат целулитот, додека овошјето и зеленчукот го забрзуваат метаболизмот и помагаат во намалување на наслагите и целулитот.

Течности

Внесувајте колку што можете повеќе течности. Пијте многу вода во која ќе исечете лимон, зелен лимон или портокал, а одличен е и зелениот чај. Направете чај без шеќер, поделете го во пола литар или литар шише и пијте го цел ден.

Креми

Иако многумина тврдат дека кремите против целулит не делуваат, тоа не е точно. Постојат докази дека делуаат, но се додека не јадете мрсна храна, доколку вежбате и внесувате течности. Затоа изберете крема против целулит.

Вежби

Вежбите се значително важни за решавање на проблемот со целулитот. Супер ќе ви дојдат кардио тренинзите неколку пати неделно, бидејќи ќе се испотите доволно со што ќе ги исфрлите штетните материи од организмот.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement