Активните супстанци во зелениот чај може да помогнат во лечење на ракот, а посебно се ефикасни против тумор на панкреасот, најагресивното канцерогено заболување.
АКНТИВНИТЕ супстанци во зелениот чај може да помогнат во лечење на ракот, а посебно се ефикасни против тумор на панкреас, најагресивното канцерогено заболување, тврдат истражувачите од Институтот за биомедицински истражувања при Медицинскиот Центар -Харбор, во Лос Анџелес. Докторот Ваи-Нанг Ли со тим стручњаци, открил дека биолошки активната компонента на зелениот чај, EGCG (epigalokatehin galat) е способна да го модифицира метаболизмот на канцерогените ќелии на панкреасот, спречувајќи го ензимот LDHA да делува.
– Научниците до сега сметале дека за лекување на ракот е неопходен молекуларен механизам, но оваа студија покажува и дека промените на метаболично ниво можат да помогнат во лечење на ракот – истакнува Ваи-Нанг Ли. Докажувајќе дека активната компонента во зелениот чај може да спречи развој на туморот, се отвараат вратите на нови студии, помагајќи ни да сфатиме, на кој начин и некои други намирници можат да спречат појава на рак или да го забават развојот на канцерогените ќелии.

You must be logged in to post a comment Login