Ниска самодоверба, негативност, стремеж за совршенство и брзањето не се вистинскиот пат кон среќа и успех во љубовта.
Понекогаш нашите лоши одлуки се виновни зошто не можеме да пронајдеме љубов. Колку и да негираме, многу често и самите несвесно саботираме шанса да најдеме партнер, и тоа на овој начин:
- Ниска самодоверба
Мажите често ја истакнуваат самоувереноста како најсекси работа кај жената и тоа не го зборуваат без причина. Ако сакаш добар партнер, важно е да веруваш дека токму таков заслужуваш. Единствено на тој начин не ризикуваш да влезеш во однос кој не те исполнува.
- Негативност
Никој не сака негативни луѓе. Замисли дека ќе мораш секој ден да слушаш како некој се жали, омаловажува или уште полошо, упатува негативни мисли кон тебе? Исцрпувачки, зарем не?
- Стремеж за совршенство
Ако премногу се трудиш да бидеш она што мислиш дека тој го сака, тоа не е вистински начин да бараш љубов. И глумењето исцрпува, а сиштината на вистинската љубов е да пронајдеш некој кој ќе те прифати онаква каква што сте.
- Брзање
Лесно е да се препознае личноста која избрзува со некој важен чекор во љубовниот однос, само затоа што чувствува дека и истекува времето. Но, сите тие мудри исреки за тоа дека брзањето е секогаш погрешно, не настанале без причина.

You must be logged in to post a comment Login