Професионалните третмани на лицето можат често да бидат скапи, траат подолго отколку што сакаме, а неретко се случува лицето да не реагира како што сакаме бидејки ќе се воспали, и наредните два дена не сме спремни за покажување на лицето. Ви претставуваме начин како да го исчистите лицето во топлина на својот дом, брзо и едноставно со препарати кои се лесно достапни.
Земете една белка (од јајце) и изматете го пенасто, додајте една лажица пченкарно брашно. Со таа смеса намачкајте го вашето лице и чекајте да се исуши 20-тина минути. Со кружни движења со влажни раце одстранете ја маската од лицето и измијте се на крајот со млака, а потоа со ладна вода.
Следниот чекор е да земете јаболков оцет и парче вата да го исчистите лицето. Чекајте десетина минути малку да се исуши. За тоа време правете ја следната маска.
Земете четвртина коцка квасец и ставете неколку капки млеко, чекајте малку да видите дали треба уште, бидејки маската може да биде како паста, доволно за да се размачка по лицето. Нанесете ја маската на лицето, чекајте повторно дваесетина минути и повторно со млака вода исмијте се да ја одстраните маската.
Последниот чекор е да нанесете на вашето лице поговарачка хидрантна крема за лице и ќе сјаете цела недела.

You must be logged in to post a comment Login