Беше како љубов на прв поглед кога ја видовме есенската невестинска колекција за 2014 на Anais Anette. Елегантен и романтичен, дизајн со модерен изглед, совршен за софистицирана невеста.
Anais Anette е соработка помеѓу две сестри. Ќерките на шивачка и шнајдер, Магдалена и Каролина имаат една работа на ум: да креираат фустани кои истовремено се модерни и безвременски. Есенската колекција за 2014 е инспирирана од носталгијата за романтичното минато и возбудата за блиската иднина. Прецизно и рачно изработена колекција со карактеристични конци, деликатни везови и елегантни силуети. Секој од фустаните е внимателно изработен од сестрите во нивното студио.















You must be logged in to post a comment Login