Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети и како да

Како сјајот на устата да биде потраен?

Со пристигнување на летото значи дека зад нас ги оставаме тешките кармини и почнуваме да употребуваме лесни, нежни и разиграни бои на сјаеви за усни.Сјајот изгледа одлично на устата. Покрај тоа што ја прави да изгледа пополна, во исто време ја хидрира и негува. Тој е омилениот козметички производ во несесерот на многу жени, но има и една мана – кратко трае на устата и лесно се размачкува. Еве неколку совети со кои лесно ќе го поминете овој проблем.

Молив за уста – Пред нанесување на сјајот на устата, направете рамка на усната со молив со боја на сјајот. Со моливот нанесете на средината на устата и размачкајте. На овој начин усните ќе бидат спремни за сјај, кој ќе го направи постојан и ќе го спречи размачкувањето. Покрај тоа, усните ќе изгледаат пополни.

Кармин во молив – Не е типичен кармин, туку производ кој е мешавина на молив и кармин. Обично е со интезивиран пигмент од карминот и густа текстура. Ако карминот во молив го нанесете пред сјајот, неговата сува текстура ќе го апсорбира сјајот. Ќе добиете интезивна боја на усната, а сјајот ќе направи усните да изгледаат полни.

Кармин – Понекогаш и кармините би требало да бидат долготрајни и постојани, но сепак тие не овозможуваат таков ефект. Со тоа комбинација од кармин и сјај е одлично решение. Нанесете сјај преку карминот за бојата да биде поинтензивна и постојана.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement