Топло, ладно, топло, ладно… Ова време ќе не уништи!
Веројатно на повеќето од вас, усните ви се постојано испукани. Како од топлото, така и од студеното време. Сјајот за усни вечно го носите во џебот, а ако не дај Боже го заборавите, постојано ги лижете усните, што е лоша навика.
За среќа наидовме на една одлична маска за усни, без никаква хемија, чисто и природно средство за убавина! Не случајно, многу брендови го користат како состојка во производите.
Мед, дами!
Прекрасниот златен пчеличен мед, ќе ја врати убавината на вашите усни, како со магично стапче. За маската ќе ви бидат потребни само 3 нешта.
– мед
– проѕирна фолија
– шпатула (или четка за заби)
Разнесете и втријте го медот со шпатулата на усните околу една минута. Потоа врз усните залепете убаво и цврсто едно парче проѕирна фолија.Почекајте 20 минути и готово. Тоа е тоа, драги дами.


You must be logged in to post a comment Login