Џастин Бибер изгледа имал неверојатно искуство на Филмскиот фестивал во Кан во средината на месец Мај. По се изгледа, 20 годишниот пејач ја поминал ноќта со Андријана Лима, која неодамна потврди дека се разведува од својот сопруг Марко Јариќ, пишува еден познат американски магазин. Тие се сретнале на 20 – ти Мај на журката во еден клуб на француската ревиера, а младиот пејач кој од бразилската манекенка е помал 12 години наводно цела вечер се обидувал да и го привлече вниманието.
‘’Џастин цела вечер ја пратеше. Потоа започнаа разговор кој не го прекинаа цела вечер, а заедно си отидоа околу пет часот наутро’’, изјави извор близок на Андријана.
Истата вечер Џастин на Инстаграм објави фотографија со 32 годишната убавица.
‘’Се забавуваше со Андријана. Но, тоа нема да се претвори во нешто озбилно’’, изјави изворот.

You must be logged in to post a comment Login