Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____баланс новости и трендови

Сакате рамен стомак? Вака вежбаат ангелите на Victoria’s secret! (Видео)

Погледнете го видеото во кое моделот на Victoria’s secret , Ерин Хедертон низ неколку едноставни вежби ќе ви покаже на кој начин топ моделите ја одржуваат линијата, но прочитајте и кои пет работи морате да ги почитувате доколку сакате рамен стомак.

Утринска гимнастика

Започнете го денот со вежба за мускулите на стратешките точки на телото. Силните стомачни мускули не само што ќе  ви го зацврстат телото, туку и ќе делуваат како внатрешен корсет и ќе ви помогне во добро обликување на вашата половина. Погледнете како доаѓаат до совршенство ангелите на Victoria’s secret.

httpv://www.youtube.com/watch?v=wJJa4pELcls

 Појадок

За добри стомачни мускули придонесува и појадокот. Вашиот прв оброк ќе го забрза метаболизмот и ќе го поттикне топењето на мастите. Здравиот појадок ќе ве спречи од лоши навики, на пример подоцна во претпладневните часови да јадете калорична крофна. Ако имате чувство на подуеност, причина за тоа може да бидат и млечните производи. Затоа избегнувајте ги. Наместо тоа, јадете овесна каша, мафин со бадеми и брусница, палачинки со цимет.

 

Намирници што треба да ги избегнувате

Кога ги планирате своите оброци, држете се подалеку од храната што ве подува, како што се масна и солена храна, газирани сокови или некои видови овошје и зеленчук. Наместо тоа, изберете храна што го намалува обемот на стомакот, како краставица  и овесни снегулки.

 

Помалку калории

Исхраната приспособете ја така што нема да ви недостига енергија, а нема да претерате со калориите. Избирајте намирници што ќе ве заситат, а нема да се прејадете, ниту во организмот ќе внесете премногу непотребни калории. Во својата исхрана внесете јаткасти плодови, овесна каша, јаболка, листест зеленчук како блитва и спанаќ, семки, јајца, јогурт, вода, лосос, лимон, супа…

 

Кардио-состав

Кој било облик на физичка активност е добар и се препорачува. Вежбите со висок интензитет најбрзо ги согоруваат калориите и имаат најдобар ефект. Особено кога се прават во редовни интервали. Затоа во својот вообичаен кардио-тренинг додадете го оној со висок интензитет.  На здодевната лента за трчање зголемете ја брзината и обидете се да вежбате 45 минути. Секако, тоа зависи од вашата физичка кондиција.

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement