После двомесечна пауза, 70 –годишниот Мик Џегер повторно ќе ја предводи својата група пред публиката во Осло. За 13 минути биле распродадени 25 000 карти.
Британската рок група ‘’Ролингстонс’’ се враќа на концерт во Осло после два месеци пауза поради самоубиството на партнерката на пеачот Мик Џегер.
Вкупно 25 000 карти беа продадени за концертот во Осло за точно 13 минути, иако цената на картите се движеше од 115 до 310 евра.
После концертот во Осло, ќе следат концерти и во Лисабон, Цирих, Берлин, Парис, Виена, Дизелдорф, Рим и Мадрид.

You must be logged in to post a comment Login