Кога би можела да зборува модата од првата деценија на 21-от век, тогаш таа би вриснала: „Покажи ми ги своите стомачни!“. Познатите дами докажуваа дека 40-тите се новите 30-ти, откривајќи ги совршено затегнатите тела. Сетете се само на Деми Мур и Џенифер Анистон. Облеката не ѝ препушташе ништо на фантазијата, а во фокусот беа совршено тонираните мускули. Ова е најсуровиот период кога можеше многу малку да се сокрие.
Како да се носи: Без паника! Оваа деценија се враќа во нова режија во поблага форма. Повеќе не се носат утра-кратки маици и неверојатно ниски фармерки. Овојпат штосот е во поелегантното акцентирање на добрата линија. Ако носите кратки маици, долниот дел мора да биде со длабок струк во спортски стил. И, секако, не го пробувајте ова ако минатата зима не вежбавте редовно.
Инспирација за сезоната пролет/лето 2014: Alexander Wang, JW Anderson, Jonathan Saunders, Rodarte, Unique, Emilio Pucci, 3.1 Phillip Lim, Acne Studios.







You must be logged in to post a comment Login