После само три минути на сончева светлина, овие секси гаќички и градник светат во потполна темница со неонско зелена боја.
Колку пати сте посакале да водите љубов во потполна темница, не сакајќи светлото да ги открие вашите несовршености. Сепак би било лошо кога секси долниот веш кој сте го купиле баш за таа прилика да остане неприметен.
Луксузната италијанска марка за долен веш ,,Cosabella” пронајде иновативен начин за сите дами кои сакаат да го освежат својот сексуален живот – колкција која свети во темница.
Секси асортиманот опфаќа меки и пуш ап градници во комбинација со боксерици и танга гаќички во три боид. Чипката изгледа сосема нормално на дневна светлина. Сјајот на овој веш го дава посебен пигмент које е ставен во ткаенината, и кој не се мие и не го губи својот сјас.


You must be logged in to post a comment Login