Десет години по почетокот на нивната романса, Анџелина Џоли открила што ја прави нејзината врска со Бред Пит толку јака. Таа истакнала дека Бред и е повеќе од партнер, и дека секојдневно се трудат да ја сочуваат стабилноста на својот однос.
,, Тој е моето семејство. Тој не е само љубовник и партнер, тој е семејство, што е прекрасно. Имаме заедничко минато и напорно работиме на нашата врска”, кажала таа и додала:
,, Никогаш не се опуштаме и не се земаме здраво за готово еден со друг. Како и сите, и ние имаме свои предизвици и се бориме да ја сочуваме врската”.
Анџелина потврдила дека тие заедно повторно ќе се најдат на филмското платно.
,, Тоа нема да биде голем филм, ниту акционен. Тоа ќе биде вид на филм кој ние го сакаме, но не работиме често на такви проекти. Многу е експериментален и во него ќе пробаме нови работи” открила таа.

You must be logged in to post a comment Login