Британските научници откриле дека мајките кои престануваат да пушат за време на бременоста раѓаат здрави деца во споредба со оние трудници кои продолжуваат да пушат.
Научниците проучувале повеќе од 18 000 бебиња со цел да откријат дали пушењето на нивните мајки за време на бременоста има било каков ефект на нивната способност.
При тоа е откриено е дека бебињата на мајките кои престанале да пушат за време на бременоста помалку се подлежни на непредвидливо однесување и стресни реакции кога ќе се соочат со нова ситуација.
За разлика од нив, децата на страсните пушачи подлежни се на тешко и осетливо однесување.
Во истражувањето е истакнато дека хемикалиите кои се пренесуваат на неродното дете за време на пушењето може да влијаат на неговите особини и однесување.
Новите податоци во Британија покажуваат дека жените продолжуваат со пушење за време на бременоста и покрај тоа што го знаат фактот дека поради тоа се раѓаат помали деца кај кој се јавуваат проблеми со развојот и асма.

You must be logged in to post a comment Login