Редовната хидратација е многу важна, а рутината секако треба да ја надополните и со маски кои ќе ја нахранат кожата на градите, ќе ја направат стегната, мека и нежна.
За да бидат цврсти и убави на градите им е потребна правилна нега. Кожата на градите е исклучително чувствителна, подложна на оштетување и предвремена појава на брчки.
Освежувачка маска
Излупете портокал и ставете го во блендер. Пенасто изматете една белка од јајце, измешајте ја со портокалот, па смесата нанесете ја на вратот, деколтето и рамената. Оставете да делува 15 минути и измијте ја со млака вода.
Хидратантна маска
Испасирајте една краставица (со лушпа) во блендер со цел да добиете каша. Наненсете ја на градите, оставете да делува 15 минути и измијте ја со млака вода.

You must be logged in to post a comment Login