Состојки:
-180 гр. пченкарно брашно
-180 гр. бело брашно
-1 прашак за пециво
-4 јајца
-1,5 дл. масло
-1 дл. млеко
-2 дл. павлака
-1 снопче блитва
-сол
-сусам
Подготовка:
1.Блитвата измијте ја, одстранете ги дршките и задебелувањата на средината и исечете ја на ленти.
2.Во соодветен сад изматете ги јајцaта, маслото, млекото, павлаката и посолете по вкус. Постепено додавајте ги во мешавината прашакот за пециво, белото брашно и пченкарното брашно и мешајте се додека не добиете компактна смеса.
3.Во подготвената смеса додајте ја блитвата и полека измешајте.
4.Во соодветен сад обложен со хартија за печење, додајте ја смесата, додајте го сусамот и печете во загреана рерна на 200 степени додека не порумени.

You must be logged in to post a comment Login