Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

новости и трендови

Домашно средство за одстранување влакнненцата од лицето со сода бикарбона

Овој третман неопходно да се прави навечер пред спиење. Ставете 1 лажица сода бикарбона во 200 мл провриена вода измешајте и оставете да се излади. Ставете во растворот мало парче газа, малку исцедете ја и ставајте на местата каде растат несакани влакна, залепете со фластер и оставете го преку ноќта. Утрината, по одстранување на фластерот со газата, потребно е да се намачкате со хранлива крема на проблематичните делови. По 2-3 третмани ќе приметите позитивен резултат, влакната од лицете ќе почнат да отпаѓаат.

 Аптекарски јод

За подготовка на овој природен лек е потребно: 2 мл јод, 1,5 мл амонијак, 40 мл 96% алкохол и 10 мл масло од рицинус. Сите состојки мора добро да се промешаат и да се остават додека смесата не добие безбојна. Оваа смеса се трие на деловите од лицето со несаканите влакна, наутро и навечер. Влакната ќе почнат да паѓаат по неколку дена користење. Постои тврдење дека ова е трајно решение за одстранување на влакна од лицето..

Масло од коприви

Рецептот на ова ефикасно средство е познат од многу одамна, го користеле убавините на 17 век, а состојките се: 3 лажички семе од коприви да се измеша со 100 мл било какво растително масло. Оставете ги да одстојат 14 дена на топло место. Потоа, процедете низ газа и преточете во стаклена тегла и затворете ја со капак. Секоја вечер, со мало парче газа ќе натопите од ова средство на проблематичните делови и оставете го половина час (можете да го злепите со фластер да не паѓа). Потоа лицето исплакнете го со топла вода и сапун. На тој начин го третирате лицето, додека влакната не паднат.

Лук е ефикасно средство за одстранување на влакна

Свежо исцеден соко од лук, ги брише проблематичните делови од лицето со неколку пати на денот. Сокот од лук се држи на лицето половина час за постигнување на максимален резултат. Потоа исплакнете го лицето со топла вода и намачкајте го со крема.

Која метода и да ја одберете, секоја од нив ќе ви помогне да се изборите со овие проблеми и ќе ја направите кожата на вашето лице преубава и негувана.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement