Ако нешто најмногу ги нервира плавушите тоа е кога нијансата на коренот е жолта и се разликува од останатиот дел на косата. Прочитајте што морате да направите за да го избегнете овој проблем.
Користете фарба и ходроген од ист произведувач: Единствено така ќе постигнете саканата нијанса. Доколку фарбата ја измешате со друг хидроген или поголема количина автоматски сте ја замениле формулата за добивање на бојата.
Фарбајте го пдраснатиот корен на две до три недели: Не чакајте еден месец подраснатиот корен да достигне 1сантиметар. Колку помалку природна боја за фарбање, тоа повеќе добри резултати. Плавушите треба да се фарбаат на секои две до три недели, и секако само коренот.
Не ја штедете фарбата: Колку повеќе фарба, толку подобра боја.
Ставете капа за фарбање: Многу е важно да ја фокусирате топлината бидејќи таа ќе ви помогне бојата подобро да се развие. Доволна е најлонска кеса.
Користете виолетов шампон: Многу произведувачи во својата понуда имаат шампон наменет за плавокоси, а неговата улога е да го извлече жолтилото од вашата коса.
Направете прелив: Несаканиот тон можете да го неутрализирате со прелив. Мала количина од фарабата растворете со хидроген и додадете малку шампон и млака вода.

You must be logged in to post a comment Login