Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

новости и трендови

Знаете ли да се нашминкате според бојата на очите?

Зелени, сини, кафени… Секој абоја има свои правила. Свртете ги према себе за ваша корист.

Зелени

Зелената боја е комбинација од различни пигменти. Во зависност од светлото и облеката која ја носите, зелените очи можат да делуваат повеќе сино или жолтеникави. За да ја истакнете или потенцирате зелената боја на очи, на капаците нанесете лилакова сенка, на превиткувањето малку сенка со боја на црвено вино, а долж ивицата на горните трепки повлечете линија со туш, боја на индиго. Исто така, сините очи кои содржат зелен пигмент делуваат зеленкасти со лилакова сенка и сенка со боја на сливи.

Сини

Промената на светлината драматично влијаат на светлите очи, затоа може лесно да се трансформира и нивната боја. За интезивирање на сините очи, нанесете сенка со бакарна боја и темножолта на капаците се до крајот на образите. На ивицата на долните и горните капаци нанесете малку сенка со бакарна боја и крема. Оваа комбинација е многу ефектна бидејки сината и жолтата се наоѓаат на спротивната страна од палетите на бои, а нагласуваат жолт прстен околу зениците.

Кафени

Кафената боја иако не е од палетата на основни бои, можноста за манипулација е се поголема. Ако вашите очи се златнокафени, пробајте со боја на лаванда, или сенка во нијанса на металносива. Доколку имате темнокафени очи скоро црни, тогаш користите сребреносива или бела сенка. Овие ладни тонови ќе ги донесат до израз темнокафените очи.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement