Состојки:
-10 свежи жолчки
-350 гр. шеќер во прав
-2 кесички ванилин шеќер
-2,5 дл. слатка павлака
-5 дл. вињак
Подготовка:
1.Во соодветен сад соедите ги жолчките и шеќерот во прав со помош на миксер, се додека шеќерот не се стопи.
2.Додајте го ванилиниот шеќер и слатката павлака и смесата матете ја со миксер се додека не добиете крамаста маса.
3.Со непрекинато мешање во смесата додајте го алкохолот.
4.Подготвената смеса три пати процедете ја низ газа, и оставете ја во ладилник да стои до наредното утро, за да изчезне пената од површината.
5.Ликерот наредното утро процедете го низ газа, ставете го во соодветно шише, затворете го и чувајте го во ладилник.

You must be logged in to post a comment Login