Зголеменото внесување на нездрави намирници, односно храна која нема нутиционистичка вредност, го зголемува ризикот од појава на астма кај децата, тврди професорот Али Баки од универзитетот Караденизу.
,,Во светот е зголемена потрошувачката на брзата храна. Чоколадите, помфритот, газираните пиајлоци, чипс и останати грицки, допридонесуваат за развој на астма, бидејќи воочивме дека кај децата појавата на астма е повеќе поврзана одколку кај возрасните”, изјавил Баки.
Истражување на универзитетот Улм во Германија, во кое учествувале 50.000 деца од 20 земји помеѓу 8 и 12 години, исто така го потврдило ова.
Кај децата кои јадат еднаш или повеќе пати неделно хамбургер, ризикот од астма е поголем отколку кај децата кои не јадат. Ако детето јаде три или повеќе хамбургери неделно, ризикот од астма се зголемува за 40 проценти.
Исто така резултатите покажале дека астмата е ретка кај деца кои живеат на село.

You must be logged in to post a comment Login