Време на подготовка: 40 минути / ќе послужите: 2
- 5 лажички шеќер
- 1/3 шолја + 2 лажички суво Шери
- 300 грама бобинки (препорачлива комбинација од боровинки, јагоди, малина)
- 3 големи жолчки
Чекор 1
Прелијте ги бобинките со 2 лажички Шери и 2 лажиски шеќер. Оставете да се впие мешавината, со нежно мешање околу 30 минути.
Чекор 2
Во мал длабок сад искомбинирајте ги останатиот шеќер и Шери, додајте ги жолчките и измешајте. Поставете го садот нас поголем сад со вода што врие, и продолжете да мешате додека не се добие топла и компакна смеса, 6 до 8 минути. Сервирајте ги прво плодовите па прелејте со добиениот топол сос.

You must be logged in to post a comment Login