Сигурни сме дека на многу од нас за времето на тропските горештини не им е баш до секс. Меѓутоа вашиот сексуален живот воопшто не мора да трпи затоа што живата на термометарот поминала 30 степени.
Сосема е нормално летно време повеќе да се потите за време на сексот. Доколку за тоа се осеќате непријатно, најдобро време за секс е доцна навечер. Или пак можете да ја пуштите климата. А едно од најдобррите решение ќе се сложите, е секс под туш.
Покрај појачаното потење, вашето тело бара повеќе хидратација. Затоа е препорачливо покрај креветот да имате нешто за пиење, ладна вода или природен сок.
Сексот за време на горештините лесно може да ве исцрпи. Затоа можете испробувањето на нови екстремни пози да го одложите за поладните денови. Пред да направите некоја тешка поза, направете пауза и размислете дали имате сила да се впуштите во уште еден предизвик.

You must be logged in to post a comment Login