Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

совети

6 чекори до пронаоѓање на кариерата која ви одговара

Пронаоѓање работа не а вистинската цел, туку тоа е пронаоѓањето на совршена кариера. Милиони луѓе на светот се незадоволни од својата работа, и сето тоа поради тоа што одбрале кариера која не одговара на нивните таленти и кој ане буди страст во нив. Но, вие можете да ја избегнете оваа замка и да се потрудите да на пронајдете кариерата која вам ви одговара следејќи ги овие 6 чекори.

 

1. НАПРАВЕТЕ МОЖНОСТИ

 

Ако сакате кариера која ви одговара, мора да знаете што сакате, а што не. За таа цел, потребни ви се опции. За среќа, денес постојат голем број начини како да си создадете можности – стекнете знаење преку онлајн курсеви и семинари, запознајте луѓе и проширете ја својата листа на контакти, обновете ја вашата биографија и ставете ја на што повеќе сајтови за вработување. Било која или сите овие точки  ќе ви ја зголемат стручноста, па на тој налин ќе имате поголем број потенцијални опции за избор на совршената кариера.

 

2. НЕ ПЛАШЕТЕ СЕ ОД ПРОМЕНИ

 

Повеќето од луѓето на почетокот имаат некоја визија за тоа како би требало да изгледа нивната совршена кариера, но и покрај тоа повеќето од нив завшруваат на работни места кои не ги сакаат. Ако и вам ви се случило тоа, тоа е сосема во ред. Но, вие може да го промените тоа – ако при првиот обид не сте ја порнашле идеалната кариера, сеуште може да го направите тоа. За да го сторите тоа, неопходно е прво да се ослободите од стравот од промени.

 

3. ЗАПОЗНАЈТЕ СЕ СЕБЕСИ

 

Невозможно е да најдете фармерки кои ви одговараат, ако не знаете коој број носите. Зошто тогаш луѓето упорно се обидуваат да ја пронајдат својата идеална кариера, кога ни самите не знаат за што се надарени и што им лежи. Мора да ги спознаете своите маани и предности. За да го сторите тоа, може да направите стручна проценка или ориентација. Вашата совршена кариера не е иста како онаа на вашата другарка, затоа мора прво добро да се запознаете самите себеси за да знаете што вам најдобро ви лежи.

 

4. ОДРЕДЕТЕ ГИ КРИТЕРИУМИТЕ

 

Дали вашата идеална кариера остава доволно простор да имате рамнотежа во вашиот семеен живот? Дали, можеби сакате да имате некое одредено ниво на приход? Дали вашата идеална работа претставува комуникација со луѓе или пак сакате да донесувате важни одлуки? Направете цела листа на желби, а во неа ставете сè што сакате да ја претставува вашата кариера. Потоа одстранете ги сите они работи кои сметате дека не се од голема важност и ќе ви останат само есенцијалните работи. За сè останато прговарајте и бидете флексибилни, но не околу оние работи кои се навистина важни.

 

5. ВИЕ ИНТЕРВЈУИРАЈТЕ ЈА РАБОТАТА – А НЕ ТАА ВАС

 

Колку чудно и да ви звучи, не треба да дозволите работната понуда да го дефинира она што го сакате. Кога ќе ја направите својата листа на есенцијални ставки и кога добро ќе се запознаете самите себеси – може да преиспитувате дали некоја работа е навистина за вас. Размислете, дали таа работа ќе ви буди страст за 6 месеци? А за 6 години? Дали сите одговорности кои таа работа ги носи, се сложуваат со вашата листа на способности? Дали ќе имате соодветна помош за оние работи во кои не сте баш најдобри? Ако одговорот е не, можеби е подобро да се откажете. Имајте сила да кажете „Мојата совршена кариера е на некое друго место, а не овде“.

 

6. БИДЕТЕ ТРПЕЛИВИ

 

Понекогаш совршената кариера се развива, не се пронаоѓа. Повеќето луѓе не ја започнуват својта кариера со високи примања, ниту  пак со можност да донесуваат важни одлуки. Честопати, искуствата кои сте ги стекнале се неопходни за да можете да ја изградите вашата кариера онака како што вие сакате. Ако имате работа која ви овозможува да доживеете нови искуства, можеби и не е најпаметна идеја да ја смените само затоа што тое не е вашата совршена кариера – стекнувајте искуства кои подоцна ќе ви бидат од голема корист. Сето тоа, се разбра зависи и од тоа колку години имате. Но, во поголемиот број случаи, трпението е многу исплатливо.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement