Се очекува дека до 2020 година, работната популација во САД да работи без претпоставен. Динамиката на модерниот бизнис значи дека денес за повеќето од компаниите е попрактично да вработуваат надворешни соработници.
Сам(а) свој газда
Тоа не само што е поисплатливо, туку, исто така значи и создавање на контингент на работна сила кој може лесно да се замени доколку не ги задоволува потребите на работата. Модерната технологија овозможува војската од слободни стрелци да работат од дома, т.е, без директен надзор..
Покрај позитивните страни кои ги има таквиот тип на работа (поголема лиќна слобода, сами го одредувате работното време, не ви треба дозвола за слободен ден…). Меѓутоа, тоа е меч со две острици.
Ако немате шеф кои ви стои над глава, многу лесно можете да се опуштите. Ако сте во канцеларија, на пример, може да бидете повеќе мотивирани побрзо да ја завршите работата за да можете порано да си одите дома, а вака, ако работите од дома, секогаш може да ја одложите работата за малку подоцна, па повторно да ја одложите и повторно, се додека не ви се собере толку многу работа што нема да можете да ја заврѓите во предвидените рокови.
Како да си ја олесните работата од дома?
1. НАПРАВЕТЕ РАБОТНО КАТЧЕ И ПОСТАВЕТЕ СИ ОГРАНИЧУВАЊА
Кога ке си направите домашна канцеларија, домашните треба така и да ја третираат – не влегуваат додека или ако ги повикате. Стручњаците пресметале дека, во некои случаи, се потребни дури 25 минути повторно да се фокусираме на работата која сме ја работеле пред да бидеме прекинати.
Ако не можете дома да го пронајдете својот мир, тогаш побарајте во близина некој мал простор кој ќе го изнајмите.
2. ИСПЛАНИРАЈТЕ ГО РАБОТНИОТ ДЕН
На крајот на декој работен ден направете распоред за следниот ден. На тој начин, ментално ќе се подговтите за утрешниот ден и ќе знаете, барем отприлика, колку време ќе ви треба за секоја активност. Полесно ќе работите и ќе бидете попродуктивни ако имате постојано темпо на работа.
3. ПОСТАВЕТЕ СИ ДНЕВНИ; НЕДЕЛНИ И МЕСЕЧНИ ЦЕЛИ
Со оглед на тоа дека немате шеф кои ќе ви дава директиви, важно е да си поставите цел кон која ќе се стремите, а со самото тоа ќе избегнете „губење“ во работата.
4. ПРОБАЈТЕ „ТЕХНИКА ДОМАТ“
Таканаречената „техника домат“ е одлично временско помагало кое на слободните стрелци им помага да одржат високо ниво на продуктивност. Се состои од тоа да направите интервали од 25 минути после кои ќе правите кратка пауза.
Има неколку варијации на оваа тема, кога станува збор за времето после кое правите пауза. Поентата е во следното – ако поставите интервали на концентрација, во тој слулај вашата концентрација ќе биде посилна. Слично е со боксерите, кои имаат пауза меѓу рундите за да ја обноват својата енергија.
Уште една корист од „домат“ техниката – полесно ќе го пресметате учинокот по час, а тоа ви е потребно доколку ја наплатувате својата работа по час, а не според конечниот производ.
5. ОЦЕНУВАЈТЕ СЕ СЕБЕСИ СЕКОИ ТРИ МЕСЕЦИ
Пробајте да се ставите себеси во улога на шеф, или наставник, и да го оцените учинокот кои сте го направиле на секои три месеци, на пример. Тука мора да бидете потполно искрени кон себе.
6. НАГРАДЕТЕ СЕ СЕБЕСИ
Наградете се себеси кога добро ќе ја завршите работата, или на време, или кога сте задоволни од дневниот учинок – на тој начин ќе се мотивирате себеси за уште подобри резултати.
На секој човек му е потребна дополнителна мотивација, исто и вам.

You must be logged in to post a comment Login