Некако изгледа дека е полесно да работите со мешовита екипа, но како да преживеете ако ве опкружуваат само жени?
Извлечете се од незгодните ситуации, покажете дека сте добра колешка и преживејте во поплавата од естроген на работното место!
1. Кога сте принудени на разговор кој ве заморува, секогаш зборувајте за тоа колку сте уморни.
Тавиот вид разговори би течеле вака:
Толлу сум уморна!
И јас исто така сум уморна!
Ноќеска спиев само 5 часа.!
5? Супер! Јас одспав само еден час!
2. Секогаш помогнете и на колешката во кризна ситуација
Познато е дека жените се многу осетливи пред и за време на месечниот циклус. Нивната нервоза се влошува доколку немаат влошка при рака. Бидете колегијална и поделете ги вашите работи за „прва помош“. Ако се најдете со колешките во незгодна ситуација, меѓу вас ќе се роди посебен вид на блискост, која подоцна може да ви значи.
3. Проверете пред да кликнете send
Најлошо што може да ви се случи е вашата шефица да добие порака која е наменета за друга колешка. На шефицата не и се омилени личности во канцеларија. Затоа неопходно е пред да го испратите мејлот или chat пораката да проверите накое име испраќате, за да не дојде до пробелми со претпоставените. Нема да верувате колку често се случува пораката во која озборуваме некого, да стигне токму на таа личност!
4. Не дозволувајте вашите деца да ги задушат
„Мамо, кога ќе завршиш?“, „Мамо, ќе одиме ли во зоолошка градина?“, „Мамо, купи ми чоколадо!“ Доволно е бучно во канцеларија и без деца. Ако веќе сте морале да ги донесете, оставете ги во чекалната пред канцеларија.
5. Чистете позади себе
Не оставајте валкани садови по паузата за ручек во кујна. Тоа не е убава глетка, а впорчем, ни дома не оставате валкани садови во мијалникот, зар не?! (Најверојатно.)
6. Пазете се од fashion пресметки
Доколку повеќе од четири жени имаат најнови модели на капут или блузи, другите колешки ќе почнат да ги опседнуваат со прашања и пофалби: „Колку ти е добра блузата!“; „А каде го купи капутот!“; „А колку плати?“ Вие сепак прескокнете го купувањето на идентичен модел, бидејќи тоа сигурно нема да им се допадне на оние кои први го купиле. Особено ако станува збор за шефицата.
7. Учествувајте и во тимот на глупави прашања
Барем понекогаш.
„Што да зготвам денес? Некоја супа? Шпагети? Или зошто едноставно да не им нарачам пица?“ Обичната пауза за кафе често се претвора во рамзена на рецепти за разни јадења и колачи. За да не делувате како хејтерка која другите ги гледа од високо, додадете и вие некој коментар дека вчера сте претерале со онаа туна салата.
8. Куцајте мејлови, не се јавувајте
Поради некоја причина, луѓето повеќе сакаат да напишат текст, отколку да раскажат што имаат на ум. Можеби тоа е и логично, бидејќи константното звонење на телефонот може да деконцентрира и да пречи на работата. Затоа пишете и не вознемирувајте.
9. Повикот за помош има ограничување
ОК е да ја замолите колешката да го испечати документот наместо вас, бидејќи „нешто не е во ред со вашиот компјутер”. Еднаш, можеби два пати. После тоа, сепак прошетајте до IT службата и замолете да ви го решат проблемот – не ја заморувајте личноста која седи до вас во канцеларија.

You must be logged in to post a comment Login