Научниците од Универзитот во Калифорнија откриваат дека оние кои повеќе им замеруваат на луѓето од своето минато во просек имаат повисок крвен притисок. Тие тврдат дека опростувањето на тие кои ни згрешиле ни помага да имаме подобро здравје.
Научниците, 200 волонтери ги поделени во две групи. На првата група им барале да размислуваат за моментите во кои биле повредени, додека на другата група да размислуват за опростувањето. Утврдиле дека тие кои со бес и лутење се сеќаваат на моментите од минатото имаат повисок крвен притисок, со што го загрозуваат своето здравје.
Иако краткотрајната хипертензија не е опасна за здравјето, за подолг временски период високиот крвен притисок може да го зголеми ризикот од срцев или мозочен удар. Па затоа замерувањето и бесот, на срцето делува подеднакво негативно како и пушењето, зголемениот внес на сол, објаснуваат научниците.

You must be logged in to post a comment Login