Сигналите кои доаѓаат од желудникот се понекогаш многу нејасни па често и кога сме сити се случува да осетиме глад. Тоа е игра на два хормона, но и други фактори како што е заморот.
Хормонот кој испраќа до мозокот информација дека сме сити е лептин, додека грелин работи спротивно. Кога сме на пример неспиени лептинот паѓа, грелинот расте без разлика на тоа кога сте јаделе и дали е желудникот полн.. Тогаш нагло губите енергија и се појавува желбата за храна и слатки како би можеле да се повратите во нормала.
Најдобро е во такви ситуации да испиете чаша вода, па ако чувството на глад и понатаму е присутно тогаш не станува збор за лажна тревога.
Лептинот во крвта го намалува и алкохолот како и слатките и на тој начин постанувате се погладни. Секогаш кога се концетрирате на тоа што правите доколку јадете, пример пред компјутерот мозокот нема ни да го регистрира дека сте јаделе.
Водете сметка доволно да спиете, пиете доста вода и јадете релативно во слично време секој ден. Така на најдобар начин ќе ја спречите лажната глад.

You must be logged in to post a comment Login