Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

совети

4 тајни на луѓето кои секогаш добиваат понуда за работа

Некои луѓе секогаш имаат среќа на разговорите за работа. Ова се некои од мудрите потези кои ги превземаат, а ги издвојуваат од останатите кандидати.

 

Најдобрите биографии се напишани по обратен редослед, не почнувајќи од минатото туку од сегашните достигнувања и должности

 

1) ВООПШТО НЕ СЕ НА ПАЗАРОТ НА ТРУД

 

Во денешно време е сосема вообичаено потрагата по работа да започне „онлајн“.

 

– Повеќето работни места кои се огласени и за кои се бара работник всушност се веќе пополнети. Тие податоци на интернет некогаш не се доволно добро ажурирани – вели Никол Вилијамс, соработник на LinkedIn, а според неговите зборови, само 18 проценти од работните места кои се огласени всушност се вистинска понуда.

 

Успешните кандидати преку огласите само ги собираат информациите за компанијата, начинот на работа, а притоа бараат познаници кои би им обезбедиле разговор за работата.

 

2) МУДРО ГО КОРИСТАТ ВРЕМЕТО

 

Времето кое е потребно една личност која интервјуира, да одлучи дали ќе ја погледне биографијата и со какво внимание, е околу 6 секунди.Толку трае и „скенирањето“ на кандидатот од кој зависи понатамошниот тек на разговорот.

 

3) ПРОФИЛОТ ИМ Е ПОДОБАР ОД БИОГРАФИЈАТА

 

Менаџерите и работодавците во последните две години речиси задолжително ги проверуваат профилите на кандидатите за работа кои ги имаат на друштвените мрежи. „Копајќи“ по сликите, непримерните постови, лајкови…

 

Кандидатите кои ставаат свои слики често добиват повици за разговор за работа, како и оние со смислени и духовити постови. Сето тоа влијае на имиџот на вработените, како и на иднината на компанијата.

 

4) ИЗРАЗУВААТ ЕНТУЗИЈАЗАМ И БЕЗ ЗБОРОВИ

 

Кога ќе добиете мејл дека сте повикани на разговор за работа, сепак не треба во следниот мејл на потенцијалниот работодавец да му одговарате со „смајли“.

 

Одговорете брзо, возвратете учтиво и деловно, но не премногу интимно и пријателски. Успешниот „барател на работа“ пишува ориентирани, јасни и кратки реченици.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement