Бритни Спирс успеа за само неколку недели да го трансформира своето тело, а нејзиниот тренер Тони Мартинез ни открива како таа успеа во тоа.
Тони откри дека големината на оброкот на Бритни е најважен кога е исхраната во прашање, како и тоа дека таа обожава да јаде салати.
Со помош на Тони, познатата пејачка секојдневно внесува од 1200 до 1600 калории дневно, во пет до шест мали оброка. Покрај тоа, неделно со Мартинез таа има четири интензивни тренинзи.
‘’Никогаш не вежбаме исти вежби, а тоа е една од причините зашто тоа и се допаѓа, а тоа се гледа и на нејзиното тело’’, изјави Мартинез и додаде дека во тренинзите го вклучува и играњето тенис, вежбањето со топки за кошарка, па дури и пеењето.

You must be logged in to post a comment Login