Викторија Бекам вчера го прослави својот 40 роденден, а по тој повод денот го помина во уживање со семејството и пријателите.
Роденденската веселба познатата дизајнерка ја помина на излет во Големиот Кањон со сопругот Дејвид и нивните четири деца.
‘’Добро утро Лос Анџелес, денес ми е роденден. Посебен ден со моето семејство’’, напиша таа на Твитер, пред да ги објави фотографиите, на кој може да се види како се одмара во шетањe и уживање во погледот.
После активниот денот, веселбата продолжи во еден елитен ресторан, каде се придружија и пријателите.

You must be logged in to post a comment Login