Кристина Агилера овие денови поносно го покажува својот труднички стомак. На друштвените мрежи постави слика на која е со својот вереник Мет Рајлер.
-Бебето го обожува Њујорк- напиша Кристина.
Парот се вери во Февруари оваа година, а се во врска од 2010 година. Веднаш по објавувањето на веридбата, тие објавија дека го чекаат своето прво дете. Кристина од претходниот брак го има шестгодишниот син Макс.

You must be logged in to post a comment Login