Долги и тенки нозе, со кои можат да се пофалат славните манекенки се сон на секоја жена. Но мажите сепак размислуваат малку поинаку. Тоа го потврди едно истражување во кое припадниците на посилниот пол се изјаснија кој дел од женските нозе им е најсексапилен.
Дури 80 отсто од испитаниците се задржале на заоблени, нагласени листови – дел од нозете на кој жените воопште не обрнуваат внимание или едноствно не го сакаат и го кријат.
Нешто помалку од 32 отсто ги издвоиле колената како најсекси дел од женското тело.
Само 10 отсто од мажите ги приметуваат глуждовите.
Од друга страна, жените се изјасниле дека делови од телото кои не ги сакаат се глуждовите, стапалата, после кој следат листовите кои со задоволство би ги намалиле.

You must be logged in to post a comment Login