6 месеци
Овошје и зеленчук, односно варено јаболко, морков, компот од круши, банана, кашички од овесни снегулки припремени или адаптирани со млеко.
Немојте да му давате: намирници кои содржат глутен, јајца, цитрусно овошје, мед, кравјо млеко и јогурт, риба и морски плодови.
Доколку купувате индустриско подготвени кашички, водете сметка на нивната етикета да пишува ‘’без глутен’’.
7-9 месеци
Можете да му давате во мали количини полномасни млечни производи како што се јогурт и пастеризирано сирење. Во овошните кашички од јаболко, банана или круша постепено додавајте по лажичка или две сок од портокал или лимон. Ако не се појави алергиска реакција и после третото додавање, детето најверојатно не е алергично на цитрусно овошје.
10-12 месеци
Во исхраната можете да воведете немасна риба, цело варено јајце, мали количини на полномасно кравјо млеко. Овие намирници траба да ги мешате со оние кои не спаѓаат во категоријата на алергени намирници.
После 12 месеци
Детето сега може да ги конзумира сите намирници, вклучувајки го и медот. Доколку во вашето семејство има случај на алергиска реакција на одредена храна, избегнувајте уште некое време производи кои содржат кикирики, лешници и ореви.

You must be logged in to post a comment Login