Какви проблеми и да ве мачат, вие сте среќен човек што сте здрави. Но тежината на овие зборови за жал многу ги сваќаат кога ќе се разболат. Сепак, човек во текот на својот живот мора да внимава на своето здравје, бидејки сепак тоа е најважно од се. Време е на своето мени што почесто да ги имате следните намирници.
Маслиново масло
Група научници од островот Крит дошле до заклучок дека монозаситените масни киселини од малсиновото масло заслужни се за помалку срцеви удари и канцерогени оболувања на тој остров. Меѓутоа, маслиновото масло содржи и полифеноли, моќни антиоксиданси кои спречуваат разни заболувања кои можат да се појават во староста.
Јогурт
Во 1970 во Грузија се ширела приказна како во оваа земја бројот на стогодишници по глава на станари е многу поголем од било која држава во светот. Се верувало дека за нивната долговечност е заслужен јогуртот кој е инаку кај Грузијанците е на големо присутен во исхраната. Иако директна врска никогаш не е потврдена, се знае дека јогуртот содржи бактерии кои спречуваат остеопороза и штити од цревни болести.
Риба
Ескимите на Аљаска никогаш немале проблеми со болести на срцето и дошле до заклучок дека во прашање е голема количина на риби кои тие ја конзумираат. Рибата е богата со омега-3 киселина која го спречува холестеролот во артериите и самите тие штитат од срцев удар.
Чоколадо
Луѓето од Сен Блас остров на Панама имаат мала стапка на срцеви болести поради големата количина на какао пијалок кој секојдневно го пијат. Станува збор за моќните состојки на какаото, флаванол кој ги чува крвните садови и истовремено штити од деменција, дијабетес тип 2, висок крвен притисок како и болестите на бубрезите.
Вино
Пиење на било кој алкохолен пијалок во умерени количини одлично делува на здравјето бидејки штити од дијабетес. Деменција и срцеви болести. Меѓутоа, виното е посебно по тоа што содржи резвератрол, кое докажано го успорува стареењето.
Боровинки
Во студија од 1999 се утврдило дека боровинките го продолжуваат животот. Се правело експеримент на глувци и се докажало дека глувците кои јаделе боровинки имале инзвонредни резултати на тестовите на рамнотежа и координација кога остареле. Тие исто така имаат моќ да ги ублажат разните оштетувања кои се однесуваат на меморијата и исто така и на моторните функции.
Ораси
Истражувањето на едно американски здружение покажало дека луѓето кои јадат ораси во просек живеат до две ипол години повеќе. Орасите се богат извор на незаситени масти, витамини, минерали но истовремено се и одличен антиоксиданс.

You must be logged in to post a comment Login